Пијан струмичанец прегазил 72 – годишен старец

Пијан струмичанец прегазил 72 – годишен старец. Вчера во 23.30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која авотмобил „Фиат Пунто“ со швајцарски национални ознаки,  управуван од Н.З. (56) од Струмица, удрило во пешакот А.М. (72) од Струмица.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот Центар во Струмица.

Увид извршила екипа од СВР Струмица. Кај возачот било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,47 промили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.