Крими хроника

Прегазил пешак па избегал

Прегазил пешак па избегал

Жител на селото Куклиш вчера бил прегазен од автомобил, чиј возач по несреќата избегал, но полицијата го уапсила два часа подоцна, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 21.50 часот на регионалниот пат село Куклиш – село Свидовица,. Тогаш непознат возач управувајќи непознато возило удрил во Г.С. (61) од Куклиш кој починал на самото место, а возачот избегал. Полицијата по преземени мерки, околу 23,30 часот во село Ињево, радовишко, го уапсила  Д.Г.(26) од истото село. Тој е осомничен дека управувајќи автомобил „фолксваген венто“, сопственост на неговиот татко, го удрил и усмртил пешакот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.