Прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Несовесен и непознат возач со својот автомобил прегазил пешак во населбата Илинден и потоа веднаш избегал од местото на несреќата.

Според информациите на полицијата, синоќа околу 23 часот непознат возач со автомобил „Југо“ го прегазил 61-годишниот Савко С. од скопското село Белимбегово.

Тој од повредите починал на лице место, а несовесниот возач избегал.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.