петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 0

Преглед на поважни настани во светот во 2016 година

Во продолжение следуваат сите поважни настани кои ја одбелжаа 2016. година

настани

Поврзани вести

2 јануари – Саудиска Арабија егзекутира 47 обвинети терористи, меѓу кои е и шиитскиот свештеник Шеик Нимр ал-Нимр

4 јануари – Колумбискиот Гемолошки институт го сертивицираше најголемиот син сафир на сите времиња, на 1404,49 карати, пронајден во рудник во Шри Ланка во август 2015

6 јануари – Северна Кореја објави дека успешно тестирала термонуклеарно оружје

8 јануари – Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието најави дека е повторно уапсен наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, шест месеци тој избега од затвор

10 јануари – Дејвид Боуви (Џоунс), англиски пејач и текстописец (Мајорот Том, Зиги Стардаст) почина од рак на 69 години

10 јануари – На 73-те награди Златен глобус победија Повратник, Марсовец, Леонардо Дикаприо и Бри Ларсон

14 јануари – Алан Рикман, англиски актер („Die Hard“, Harry Potter“) почина од рак во 69 година

15 јануари – Американскиот природонаучен музеј на Менхетен изложи нов примерок на реплика на скелет на диносаурус Титаносауру, кој бил откриен во Аргентина во 2010, досега најголемиот познат диносаурус тежок 70 тони и висок 37 метри

15 јануари – Исламистички екстремисти нападнаа хотел во Уагадугу, во Буркина Фасо, и убија 28, а ранија 56 лица

16 јануари – Во вселената одгледан првиот цвет зинија, на Меѓународната вселенска станица со помош на системот „веџи“ на НАСА

23 јануари – Снежното невреме донесе рекордно високо ниво на снег во 80 американски градови (во Њујорк 75 см., Вашингтон 65 см.; загинаа најмалку 15 лица

23 јануари – Епидемијата на вирусот зика во Бразил ги зафати и Колумбија, Еквадор, Ел Салвадор и Јамајка, и беше дадено предупредувањето жените да одложат забременување барем во следните две години

26 јануари – Снежното невреме низ Источна Азија предизвика смрт на повеќе од 50 лица, а 60.000 патници беа заробени во Јужна Кореја

1 февруари – СЗО објави глобална закана по здравјето заради брзото ширење на болести предизвикани од вирусот зика

1 февруари – Алфабет, татковска компанија на Гугл, го надмина Епл како највредна компанија на светот (568 наспроти 535 милијарди долари) откако ги објави резултатите од приходи

1 февруари – Првиот слободни избран парламент во Мјанмар во последните 50 години го имаше првото заседание во Нај Пји Тау

3 февруари – Американскиот претседател Барак Обама во прва посета на џамија во САД – џамијата на Исламска заедница во Балтимор, Мериленд

5 февруари – Компјутерски хакери се обидоа да украдат една милијарда долари од Банката на федерални резерви во Њујорк кореустејќи банкарски кодови од Бангладеш, но украдоа 81 милиони долари пред властите да ги сопрат

9 февруари – Два германски патнички воза се судрија во блзина на Бад Ајблинг, во Баварија, и загинаа 10 а беа повредени 18 патници

10 февруари – Владата на Венецуела нареди повеќе од 100 мола да бидат предвреме затворени за да се заштеди струја, заради сушата која ја предизвика Ел Нињо

11 февруари – Нереди меѓу ривалски нарко картели во затвор во Монтереј, Мексико, 52 загинати

12 февруари – Папата Франциско се сретна со патријархот Кирил во Хавана – прва средба меѓу католички и православен поглавар по скоро 1,000 години

12 февруари – Фиџи стана првата земја која го ратификуваше договорот на ОН за климатски промени (потпишан во Париз во декември 2015)

14 февруари – 69-ти Британски филмски и телевизиски награди (БАФТА), најдобар филм „The Revenant“, најдобар режисер Алехандро Гонзалес Инариту

15 февруари – 58-ми Греми награди, најдобра песна “Thinкing Out Loud” од Ед Ширан, најдобар албум “1989” на Тејлор Свифт

16 февруари – Во 93-та година почина Бутрос Бутрос Гали, египетски политичар и честиот генерален секретар на ОН (1992-1996)

16 февруари – Поранешниот француски претседател Николас Саркози е под истрага за нелегални фондови во кампања

17 февруари – Напад со автомобил бомба врз воен конвој во Анкара, Турција, од страна на курдски милитанти; 28 загинати

19 февруари – На 84 години почина Умберто Еко, италијански писател и филозоф (автор на „Името на розата“)

20 февруари – Вооружен човек започна неселективно пукање во Каламазу, во Мичиген„ уби 6 лица

20 февруари – Тропската бура Винстон го погоди Фиџи и загинаа најмалку 29 лица – најсилната бура во историјата на источната хемисфера со ветрови кои дуваа со 296 км. на час

21 февруари – Бомбардирање на сириските градови Хомс и Дамаск, загинаа 140 лица; одговорноста ја презема Исламска држава

22 февруари – 10 милиони луѓе останаа без вода во Делхи откако по протест на касти во Џат беше саботиран каналот за вода Мунак

26 февруари – Избори во Иран: реформаторите и умерените ја преземаа контролата во парламентот

28 февруари – Експлозија во рудник за јаглен во Севернаја, во Воркук, Русија; загинаа 36 рудари, меѓу и пет спасувачи

28 февруари – 88-ми Награди на филмската академија: најдобар филм „Spotlight“, најдобар режисер Алехандро Инариту, најдобар актер Леонардо Дикаприо, актерка Бри Ларсон

1 март – Објавена е листата на најбогати личности на Форбс: Бил Гејтс е прв со 75 милијарди долари, бројот на милијардери во светот се намалил на 1,810 лица

2 март – Американскиот астронаут Скот Кели и рускиот космонаут Михаил Корниенко се вратија на Земјата по скоро 340 дена престој во вселената; тоа е нов рекорд на МВС

5 март – Во американски воздушен напад убиени 150 милитанти на Ал Шабаб, северно од Могадишу, во Сомалија

9 март – Мигрантска криза: Македонија, Хрватска и Словенија ги затворија границите за мигрантите кои се обидуваа да стигнат до северна Европа

13 март – Самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, Турција, загинаа 37 луѓе

14 март – Претседателот на Русија Владимир Путин нареди повлекување на руските трупи од Сирија

17 март – Археолозите објавија откривање на 2,500 години стари гробишта воинствен крал од железното доба со 75 гробови, во Поклингтон, Северна Англија

20 март – Барак Обама стана првиот американски претседател кој ја посети Куба по 1928 година, на дводневна посета на островот

22 март – Самоубиствен бомбашки напад на бриселскиот аеродром Завентем, и на метро станицата Маелбек, жртви се 28 починати и 260 повредени; одговорноста ја презема ИД

24 март – Босанскиот лидер на Србите Радован Караџиќ беше прогласен за виновен за геноцид за време на масакрот во Сребреница во 1995, и осуден на 40 години робија

25 март – Самоубиствен бомбашки напад за време на фудбалски меч во Искандарија, Ирак; најмалку 32 загинати, одговорноста ја презема ИДИЛ

27 март – Самоубиситвен бомбашки напад уби повеќе од 70 луѓе во парк во Лахоре, Пакистан, одговорноста ја преземаа Џамаат ул Ахар, организација поврзана со талибанците

3 април – Објавени Панамските документи – 11,5 милиони доверливи документи од офшор адвокатската фирма Мосак Фонсека; ова е досега најголемо истекување на податоци во историјата

5 април – Исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон даде оставка откако во Панамските документи се откри за негов конфликт на интереси

6 април – Во Мексико е родено е прво бебе со ДНК од тројца родители преку митохондрски трансфер

10 април – Експлозија и пожар предизвикани од огномет во храмот Путингал во Керала, Индија; загинаа повеќе од 100, а повредени беа скоро 400 лица

11 април – Прекин на огнот поддржан од ОН стапи во сила во Јемен во конфликтот меѓу бунтовниците хути поддржани од Иран и владините сили

12 април – Меѓуѕвезден успех: научници и интернет претприемачи, меѓу кои и Јури Милнер, Стивен Хокинг и Марк Зукеберг, најавија меѓуѕвезден проект за испраќање на робот-летало до Алфа Кентаур

21 април – Принс (Роџер Нелсон), американски пејач, музичар и текстописец (автор на албумите „1999“, „Purple rain“), почина во 57-та година

29 април – Втор круг на избори во Иран им овозможи на умерените и реформистите мнозинство во парламентот

5 мај – Шумски пожари во Форт Мекмареј: канадската држава Алберта прогласи вонредна состојба, а евакуацијата на 80,000 луѓе продолжи

8 мај – Либералот Садик Кан е избран за градоначелник на Лондон – првиот муслиман градоначелник на западен град

10 мај – Од индиска клиника за плодност објавија дека 70-годишна жена успешно родила машко бебе

11 мај – Бразилскиот сенат гласаше за суспензија на претседателот Дилма Русеф и нејзино затворање заради злоупотреби во буџетот

12 мај – Потпретседателот на Бразил, Мичел Темер, стана привремен претседател на земјата по гласањето за импичмент на Дилма Русеф

21 мај – Мула Актар Мухамад Мансур, лидерот на авганистанските талибанци е наводно убиен во американски напад со дрон во Пакистан

21 мај – Авион на ИџптЕр на летот МС804 исчезна над Медитеранот на летот од Париз до Каиро

22 мај – 69-ти Кански филмски фестивал: филмот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч ја освои Златната палма

22 мај – Независниот кандидат Александер Ван дер Белен го порази Норберт Хофер од Партијата на слободата, со разлика од само 31,000 гласови и стана претседател на изборите во Австрија

27 мај – За три дена три брода со мигранти потонаа во Медитеранот, се удавија 700 луѓе

1 јуни – Отворен е тунелот Готард во Швајцарија – најдолгиот (57 км.) и најскапиот тунел на светот (11 милијарди евра).

3 јуни – Почина Мухамед Али (Касиус Клеј), американски боксер во тешка категорија (1964-1970, 1974-1980), на 74-годишна возраст, кој боледуваше од септички шок предизвикан од респираторна болест.

3 јуни – Еднонеделни обилни дождови во Германија и Франција, во кои загинаа 10 лица и беа затворени париските музеи покрај Сена, меѓу кои и Лувр

5 јуни – Швајцарија гласаше на референдум и го одби предлогот на секој швајцарски граѓанин да му се гарантира 2,5000 швајцарски франци месечен приход

7 јуни – Напад со автомобил бомба врз полициски автобус во Истанбул, загинаа 11 полицајци

9 јуни – Претседателот Барак Обама офиијално ја поддржа Клинтон како кандидат на демократите за претседател на САД

9 јуни – Светската здравствена организација издаде соопштение со совет за одложување на забременување во областите зафатени со вирусот зика

12 јуни – Терорист кој се изјасни како поддржувач на Исламска држава, отври оган во геј клуб во Орландо, на Флорида, и уби 19, а рани 53 лица – тоа е најголемото масовно убиство со пукање во историјата на САД

16 јуни – Британската пратеничка, либералката Џо Кокс, беше погодена и убиена пред болница во нејзината изборна единица во Бирстал, во Западен Јоркшир

18 јуни – Капсулата Сојуз се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, со британскиот астронаут Тим Пик, русинот Јури Маленченко и американецот Тимоти Копра, по 186 дневен престој во вселената

20 јуни – Рим ја избра 37-годишната Вирџинија Раџи (од движењето Пет ѕвезди) како прва жена и воедно и најмлад градоначелник

23 јуни – Потпишан е договор за сопирање на огнот меѓу колумбиската влада и бунтовниците од ФАРК – со што се стави крај на 50 годипниот конфликт

23 јуни – Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија на референдумот „Брегзит“

23 јуни – Бури и големи поплави во Западна Вирџинија, САД, загинаа 24 лица

24 јуни – Британскиот премиер Дејвид Камерон даде оставка откако Велика Британија изгласа напуштање на ЕУ

26 јуни – Градот Фалуџа беше ослободен од контролата на Исламска држава по целомесечната кампања предводена од ирачките сили

28 јуни – Претседателски избори на Исланд, победи професорот по историја Гудни Јоханесон

28 јуни – Самоубиствен бомбашки и оружен напад на истанбулскиот аеродром Кемал Ататурк, загинаа 42, а беа ранети повеќе од 200 лица

30 јуни – Британски политички кандидати ја најавија својата трка за лидер на Конзервативната партија, меѓу кои беа и Тереза Меј и Мајкл Гоув; Борис Џонсон се откажа

1 јули – Исламски милитанти заземаа кафе бар во Дака, Бангладеш, убија 20 заложници и двајца полицајци, во најтешкиот терористички напад во историјата на земјата

2 јули – Голема камион-бомба во Багдад уби најмалку 125 луѓе, и рани 150; одговорноста ја презема Исламска држава

5 јули – ФБИ објави извештај во кој се тврди дека Хилари Клинтон била „исклучително невнимателна) во ракување со тајни е-пораки, но не предложи понатамошно гонење против неа

6 јули – Беше објавен Извештајот Чилкот, британски документ за војната во Ирак: во него е вклучена изјавата на Тони Блер дека тоа било претеран случај и дека тој самиот бил неподготвен

6 јули – Покемон Го, мобилната игра во реален свет, беше првпат пуштена во оптек

9 јули – Во Далас, Тексас, еден воружен човек пукаше и уби петмина полицајци, а рани уште неколкумина за време на протестниот марш против полициски убиства на афроамериканци

13 јули – Тереза Меј е избрана за британски премиер од пратениците од Конзервативната партија

15 јули – Во неуспешен обид за државен преврат во Турција, загинаа речиси 300, а потоа беа упасени и над 6.000 лица

16 јули – Кандидатот на републиканците за претседател, Доналд Трамп, го најави гувернерот на Индијана, Мајк Пенс како партнер и потпретседател за претседателската трка

22 јули – Хилари Клинтон го најави сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн, како нејзин партнер и потпретседател во претседателската трка

23 јули – Самоубиствен бомбашки напад во Кабул за време на протестен марш, загинаа 80 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

29 јули – Хилари Клинтон на Демократската конвенција во Филаделфија ја прифати номинацијата од Демократската партија за претседател на САД – таа е прва жена претседателски кандидат од голема партија

30 јули – Балон на топол воздух се урна врз електрични водови во близина на Локхарт, Тексас, загинаа сите 16 патници

5 август – Официјален почеток на 31-те Олимписки игри на стадионот Маракана, во Рио Деженеиро, Бразил

9 август – Заврши најдолгиот штрајк со глад откако активистот за човекови права Иром Шармила по 16 години првпат проба мед

12 август – Кан стана првото француско одморалиште кое ги забрани буркините

13 август – Американскиот пливач Мајкл Фелпс ја заврши својата кариера на олимпијадата во Рио, освојувајќи ја медалата на 4х400 м., со што стана најодликуваниот спортист во историјата на Олимписките игри

16 август- Избувна шумски пожар во Сан Бернардино каунти, во Калифорнија, изгореа 15,000 хектари и беа евакуирани 82,000 луѓе

17 август – Води од поплави во Лујзијана почнаа да се повлекуваат; загинаа 13 лица и беа оштетени 4,000 куќи

20 август – Самоубиствен бомбашки напад во турскиот град Газиантеп за време на свадбена забава, загинаа најмалку 51 сватови

21 август – 31-те Олимписки игри беа затворени на стадионот Маракана во Рио Деженаиро

24 август – Атрономите објавија откривање на планета слична на Земјата, наречена Проксима Б, која орбитира во соѕвездието Проксима кентаур

24 август – Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди централна Италија, североисточно од Рим, и загинаа 268, а беа повредени 400 луѓе

29 август – Италијанската крајбрежна полиција објави дека спасиле 6,500 мигранти во 40 одделни инциденти, само за еден ден, од брегт на Сабрата во Либија

31 август – Бразилскиот сенат гласаше импичмент за претседателот Дилма Русеф, по што таа беше отстранета од највисоката државна функција.

2 септември – Ислам Каримов, претседателот на Узбекистан (1991-2016) почина на 78 години

4 септември – На 53 години почина Дејвид Браун, гитаристот во групата на Карлос Сантана

4 септември – Мајка Тереза беше канонизирана од Папата Франциско на церемонија во Ватикан

17 септември – Терористички бомбашки напад во Челзи, Њујорк, загинаа 53 лица

18 септември – На руските општи избори, партијата Обединета Русија поддржана од претседателот Владимир Путин, освои 54 проценти од местата во парламентот, а премиер беше Дмитри Медведев

21 септември – Извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг и неговата сопруга Присила Чен ветија дека ќе издвојат три милијарди долари за медицински истражувања за „лекување, превенција и контролирање на сите болести до крајот на веков“

28 септември – Шимон Перез, поранешен премиер на Израел (од Лабуристичката партија), претседател (2007-2014) и добитник на Нобеловата награда за мир во 1994, почина од мозочен удар на 93 години

28 септември – Ураганот Метју, кој се формираше околу островите Виндвард, уби 100 луѓе на Хаити, на Карибите и во САД

2 октомври – Колумбија на национален референдум гласаше против мировниот договор со бунтовничката организација ФАРК

3 октомври – Јошинори Ошуми ја доби Нобеловата награда за медицина за истражувањата на автофагијата

7 октомври – Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја доби Нобеловата награда за мир за напорите да се стави крај на конфликтот со ФАРК

8 октомври – 140 луѓе беа убиени во воздушен напад за време на утринска молитва во Сана, Јемен

10 октомври – Нобелова награда за економија им е доделена на Британецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром за трудот од теоријата на договорите

13 октомври – Американскиот текстописец Боб Дилан е прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература

24 октомври – Во самоубситвен бомбашки напад загинаа 61, а беа ранети 117 луѓе на академијата за полициска обука во Куета, Пакистан. Одговорноста ја презема ИД

25 октомври – Четворица загинаа во колабирање на играчки во забавен парк Дримленд, во Квинсленд, Австралија

27 октомври – Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер ја погоди Италија. Тоа беше најсилниот земјотрес во последните 36 години

30 октомври – Канада и ЕУ потпишаа договор за слободна трговија, чиј единствен противник беше Белгија

31 октомври – Парламентот на Либан го избра Мичел Аоун за претседател по 2 ипол години без лидер

7 номеври – Ленард Коен, канадски писател/текстописец и пејач почина на 82 години

14 ноември – Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го отсече градот Кајкура, на Нов Зеланд, загинаа две лица, а морското дно се подигна за четири метри

20 ноември – Пријателот на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хју, контроверзниот Чој Сун-сил е обвинет заради злоупотреба на власта и изнуди, истовремено беше баран импичмент за претседателката

25 номември – Фидел Кастро, кубански револуционер, премиер (1959-1976) и претседател (1976-2008), почина на 90 годишна возраст

28 ноември – Авион кој превезуваше бразилски фудбалери од клубот Чапекоенсе се урна во близина на Меделин, Колумбија; загинаа 71 играчи и новинари

29 ноември – Поранешниот НФЛ играч Дарен Шарпер, беше осуден на 20 години робија заради серија силувања

30 номеври – УНЕСКО го стави белгиското пиво на листата на културни наследства

1 декември – Принцезата Маха Вајралонгкорн е крунисана за Кралица на Тајланд, таа го наследи нејзиниот татко кралот Бумибол Адулјадеџ

1 декември – ОН призна дека нивните мировници се виновни за епидемијата на колера на Хаити во 2010, кога починаа 30.000 луѓе

1 декември – Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да бара втор мандат. Тој е првиот претседател на модерна Франција кој го сторил тоа

2 декември – Пожар за време на забава во складиште во Оукленд, САД; загинаа 36 лица

3 декември – Американската армија одлучи дека нема да дозволи во Северна Дакота да биде изграден нафтовод, по неколкумесечни протести на индијанското племе Исправени камења (сијукси)

4 декември – Австрија го избра независниот либерал Александер Ван дер Белен за претседател откако првичните избори во мај беа поништени

4 декември – Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки, даде оставка по осум години на оваа позиција

7 декември – Италијанскиот премиер Матео Ренци поднесе оставка три дена по поразот на референдумот за реформирање на уставот

7 декември – Авион на Пакистанската меѓународна авиокомпанија се урна источно од Исламабад, загинаа 48 патници, меѓу кои беше и пејачот кој подоцна стана светштеник Џунаид Џамшед

7 декември – Земјотрес со јачина од 6,5 степени на погоди провинцијата Акех во Индонезија, загинаа најмалку 97 лица.

8 декември – Џон Глен, американскиот астронаут и прв Американец кој ја обиколи Земјата, а подоцна и сенатор демократ од Охајо, почина на 95 години

10 декември – Терористички бомбашки напад пред стадион во Истанбул, загинаа 38, повредени се 45 лица

10 декември – Боб Дилен кој ја доби Нобеловата награда за литература, не се појави на церемонијата на доделување во Стокхолм

11 декември – Бомба во капела во Каиро, Египет; загинаа 25, а беа ранети 45 верници

11 декември – Киргистан гласаше на референдум за промена на уставот со што ќе и се даде на владата поголеми овластувања

12 декември – Бил Инглиш даде заклетва како премиер на Нов Зеланд, и го наследи Џон Ки

12 декември – Паоло Џентилони даде заклетва како премиер на Италија, тој доаѓа по Матео Ренци

17 декември – Хенри Хајмлих, американски хирург и изумител на Хејнриховиот зафат, почина на 90 години

18 декември – За За Габор (Сари Габор), унгарска актерка почина на 90 години

19 декември – Рускиот амбасадор во Турција беше убиен во уметничка галерија во Анкара од турски атентатор

19 декември – Камион влета во Божиќен панаѓур во Берлин и уби 12. а повреди 48 посетители

25 декември – Почина Џорџ Мајкл, британски пејач од грчко потекло. Тој имаше 53 години.

29 декември – Постигнат е договор за прекин на огнот во Сирија, чии гаранти ќе бидат Русија и Турција, што стапи во сила на полноќ на 30 декември.

извор: http://www.onthisday.com/

Најчитани вести