ТОП,Македонија

Тодоров: Прегледите за бремени жени и породувањето ќе бидат бесплатни

Тодоров: Прегледите за бремени жени и породувањето ќе бидат бесплатни

Сите гинеколошки прегледи, микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување ќе бидат бесплатни за сите бремени жени државјани на Македонија без разлика дали се здравствено осигурани или не, истакна денес министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде дека оваа мерка ќе стапи на сила од почетокот на идната година.

Тој посочи дека со цел намалување на трудничкиот морталитет донесени се пакет мерки. Оваа мерка има за цел рано и навремено откривање на проблеми во бременоста и навремена реакција, како и подигнување на свеста кај бремени жени за редовни прегледи. Тодоров посочи дека бесплатните прегледи ќе бидат од голема корист и за бремените жени од социјално ранливите групи, како и за жените од ромска националност кои во голем дел немаат матичен гинеколог.

Согласно податоците од Заводот за мајки и деца во 2014-та година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна.

Посебен акцент на бремени жени од…