Македонија

Бесплатни прегледи во општина Гази Баба

Бесплатни прегледи во општина Гази Баба
Бесплатни прегледи во општина Гази Баба

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје по програмски активности на Министерството за здравство на РМ, започнуваат акции за спроведување на бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита и превенција на граѓаните од топлото време (Топлотен бран).

Во општина Гази Баба прегледите ќе се вршат со почеток од 18:30 – 21:30 ч. во следните денови и на следните локации:

– Парк Ченто на 11.07.2015 г.

– Плоштад Автокоманда на 16.07.2015 г.

– Парк Ченто на 22.07.2015 г.

– Плоштад Автокоманда на 27.07.2015 г.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги посетат овие пунктови и да добијат бесплатни совети и превентивни прегледи.