сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Преговори помеѓу САД и Мексико за екстрадиција на Ел Чапо

САД и Мексико преговараат за екстрадиција на нарко босот Ел Чапо. Американското Министерство за правда почна преговори со мексиканските власти за екстрадирање во САД на мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман – Ел Чапо.

el-chapo-1

Поврзани вести

САД и Мексико преговараат за екстрадиција на нарко босот Ел Чапо. Американското Министерство за правда почна преговори со мексиканските власти за екстрадирање во САД на мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман – Ел Чапо.

Екстрадицијата била разгледувана вчера на средба во Мајами меѓу главниот мексикански обвинител и претставници од Министерството за  правда на САД, пишува МИА.

Средбата се одржала откако во минатиот петок главниот обвинител на САД, Лорета Линч го поздрави апсењето на Гусман. Разговорите во Мајами се прва средба меѓу американски и мексикански претставници за тоа прашање. И двете страни претходно наведоа дека екстрадирањето на Гусман може да биде за околу една година.

Инаку, на 8-ми јануари годинава мексикансата полиција го уапси нарко босот Хоакин Гузман, попознат под прекарот „Ел Чапо“, кој побегна од затвор во јули минатата година, јави ДПА.

 Мисијата е извршена. Го имаме, објави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието на својот налог на Твитер.

Нието уште додаде дека апсењето на „Ел Чапо“ претставува „значаен успех“ на мексиканските безбедноси сили.

Гузман, кој важи за еден од најмоќните раководители на нарко картел во светот, лани во јули, по втор пат, успеа да побегне од затвор, преку мрежа на подземни тунели.

Најчитани вести