Преговорите ЕУ-Грција завршени без договор

A European Union flag (L) and a Greek national flag flutter as the sky is reflected on a building front in Athens February 17, 2015. REUTERS/ Alkis Konstantinidis

Преговорите меѓу Грција и претставници на Европската унија и ММФ завршија синоќа во Брисел без договор, а според ЕК, и понатаму постојат „значителни разлики“ во ставовите на двете страни.

– Иако е направен одреден напредок, преговорите не успеаја. И понатаму постојат големи разлики меѓу плановите на грчките власти и заедничките ставови на Комисијата, ЕЦБ и ММФ, изјави анонимен извор од ЕК, пренесува МИА.

Официјалните претставници од ЕК сметаат дека Атина е виновна за неуспехот наведувајќи дека не понудиле ништо за да се обезбедат 1,6 милијарди евра за исплата на ММФ до крајот на месецот.

Истовремено во Атина, неименуван официјален претставник на грчката Влада изјави дека државата никогаш нема да прифати намалување на пензиите и платите или воведување дополнителни даноци. Грција истакнува дека и понатаму е подготвена да преговара додека ЕУ и ММФ порачуваат дека немаат дозвола за понатамошни преговори.

– Ова е разочарувачки и тажно. Тоа беше последен обид да се премостат разликите, но несогласувањата и понатаму се длабоки, вели извор близок до преговорите.

Tие преговори беа последна шанса да се постигне договор и да се овозможи Грција да врати долгови и спречи излегување на државата од еврозоната, со што би се предизвикал хаос во Европа, наведуваат западни медиуми