По блокадата на работните средбо на претствниците на четирите партии, за спроведување на договорот од Пржино, синоќа белгискиот експерт и посредник, Питер Ванхојт предложил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на заменик-министрите во новата преодна влада.
По неизборот на сите предложени помошници на Специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради што опозицијата првично ги прекина преговорите, жешка точка за која сеуште не можат да се договорат партиите е изборот на новите министри и заменици министри од опозицијата и нивните надлежности во преодната влада.
Наспроти блокадата на договорот од Пржино, за пет дена треба да биде објавен и Ивештајот на ЕК за напредокот на Македонија. Дали и колку полиичката криза ќе влијае на одлуката земјава да задржи или изгуби препораката за преговори со ЕУ, останува да видиме.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека СДСМ со нејзината неконструктивност во дијалогот има за цел Македонија да ја изгуби препораката за влез во Европската Унија, како и да и’ се нанесе економска штета на државата.
Мдиумите шпекулираат дека е можно Македонија сега да добие „условена препорака“ за старт на преговори за членство во ЕУ, која ќе зависи од спроведувањето на договорот од Пржино.