Балкан

Преговорите меѓу Србија и Косово ќе продолжат на 12 февруари

Преговорите меѓу Србија и Косово ќе продолжат на 12 февруари

Преговорите за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград со посредство на првиот дипломат на ЕУ, Кетрин Ештон ќе продолжат на 12 февруари, пренесе „РИА Новости“.

Ештон вчера се сретна со српскиот премиер Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи. Според неа , на средбата страните разговарале за нормализирање на односите пред претстојните во Србија избори, како и оние во северна Митровица.

Последниот круг разговори помеѓу Белград и Приштина заврши без договор, бидејќи двете делегации не успеале да постигнат договор на тема правосудство, по пет часа преговори.

„Се’ уште има значителни разлики во позициите. Принципиелно не можевме да се договориме и да прифатиме некои работи“, изјавил српскиот премиер Ивица Дачиќ.