Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Попладне ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Како што информираат од АМСМ, денес на делот од планинскиот премин Пресека до село Врбјани поради работи на пат (минирање) помеѓу 12.30 – 14.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

Прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид
Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места.

Магла кај Неготино и на патот Велес – Скопје

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Неготино и на патниот правец Велес – Скопје.

Магла кај Неготино и на патот Велес - Скопје
Магла кај Неготино и на патот Велес – Скопје

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Умерен интензитет на сообраќајот на патните правци

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.