Прекин на патот Мелнички мост – Дебар, асфалтирање кај селото Боротино

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека денеска, утре и задутре на патот Прилеп – Демир Хисар кај селото Боротино од 10 до 14 часот ќе се врши асфалтирање поради што се препорачуваат алтернативните правци Демир Хисар – Обршани – Кривогаштани –Прилеп и Прилеп – Кривогаштани – Обршани – Демир Хисар.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.