Прекин на сообраќајот на граничниот премин Дојран

Сообраќајот на граничниот премин Дојран е блокиран попладнево од 17 до 23 часот. Како што соопшти АМСМ прекинот е од грчка страна.

Собраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.