Прекин на сообраќајот на граничниот премин Дојран

На граничниот премин Дојран до пладне сообраќајот ќе биде во прекин.

Инаку, сообраќајот на овој граничен премин на македонско грчката граница од грчка страна е во прекин од вчера од 11 часот. Како што соопшти АМСМ прекинот на сообраќајот ќе трае до 12 часот денеска.

Состојба на патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.