Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради минирање што ќе се врши заради изведбата на новата автопатска делница, в среда попладне ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид, соопшти ЈП Македонија пат.

Прекинот ќе трае од 15 до 20 минути, а ќе се случи во периодот од 15 до 17 часот задутре.