Прекин на сообраќајот на патот Свети Николе-Овче Поле

Сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот на патниот правец А2 Охрид – Кичево денеска од 14 до 16 часот ќе биде во прекин поради минирање кај планинскиот премин Пресека во близина на село Врбјани.

Од АMСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.