понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

Прекин на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција

Прекин на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција. Четири возови на грчката железница чекаат на Идомени на грчко-македонската граница за да добијат зелено светло и да го продолжат својот пат низ Македонија.

pruga_miriadna

Поврзани вести

Прекин на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција. Четири возови на грчката железница чекаат на Идомени на грчко-македонската граница за да добијат зелено светло и да го продолжат својот пат низ Македонија.

Според извори на кои се повикува грчката државна новинска агенција АНА-МПА, „македонските власти ја држат затворена железната порта, затоа што плашат дека ако ја отворат, бегалците масовно ќе се обидат да ги преминат границите“, пренесува МИА.

Според истите извори, уште шест возови од другата страна чекаат да влезат на грчка територија.

Граничниот премин на тампон-зоната меѓу границите на Грција и Македонија се уште е заторен, по вчерашните инциденти.

Во кампот во Идомени во моментов има околу 7.000 бегалци, а некои од нив чекаат и по десетина дена за да ја преминат границата и да го продолжат нивното патување во земјите од  Западна Европа.

Најчитани вести