Македонија

Прекин на железничкиот сообраќај Скопје- Велес поради технички проблеми

Прекин на железничкиот сообраќај Скопје- Велес поради технички проблеми

Поради техничко- технолошки потреби, утре во прекин ќе биде железничкиот сообраќај на релација Скопје- Велес и обратно, соопштуваат од компанијата МЖ Транспорт АД Скопје.

На патниците кои ќе ги користат услугите на возовите 613 (Скопје – Гевгелија), 643 (Скопје – Битола), 651 (Скопје – Кочани) ќе им се обезбеди трансфер со автобус од Скопје (Транспортен центар) до Велес откаде ќе го продолжат патувањето со воз. Во исто време корисниците на услугите од возовите 650 (Кочани – Скопје), 632 (Гевгелија – Скопје) и 642 (Битола – Скопје) со автобуси ќе бидат префрлени од Железничка станица Велес до Скопје.

Утре воопшто нема да сообраќа возот 2083 и 2082 кој вози на релацијата Скопје – Велес – Скопје.