Двочасовен прекин на патниот правец Охрид – Кичево

Прекин на сообраќајот на патот Кичево–Охрид

Двочасовен прекин на патниот правец Охрид – Кичево. Како што информираат од АМСМ, денес на овој патен правец кај планинскиот превој Пресека денеска од 13 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот во сообраќајот на патот Охрид – Кичево ќе биде во временски интервали од 15 до 20 минути поради минирање на патот.

Скопската обиколница затворена за сообраќај

Скопската обиколница затворена за сообраќај
Скопската обиколница затворена за сообраќај

Исто така, во текот на денешниот ден обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај. Обиколницата околу Скопје повторно ќе биде затворена од 7 до 19 часот поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“.

Умерен интензитет на сообраќајот

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.