Прекинуваат препораките за ослободување од работните обврски

Прекинуваат препораките за ослободување од работните обврски. Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работните обврски.

Исто така, се укинува и рестрикцијата на работно време за вршење градежни работи на отворено кои требаше да важат до 4-ти август.

Препораките се укинуваат поради најавата од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи дека во следните три дена ќе има намалување на температурите во цела држава. Надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки согласно временските услови, соопшти Министерството за здравство.

Владата со препораки поради топлото време

Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работните обврски.
Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работните обврски.

Инаку, препораките за ослободување од работните обврски беа донесени на 21-ви јули, откако Македонија беше зафатена со високи температури и потопло време.

Тогаш Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од 22 јули до вторник 28 јули.

По најавата за температури од портокалова фаза, овој рок беше пролонгиран до 4-ти август.

Во истиот период, на работодавачите им беше препорачано да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Препораките за ослободување од работните односи беа донесени имајќи предвид дека подолг период државата беше зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.

Пад на температурите

Според најавите од УХМР, времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи, се најавува за попладневните часови. Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 35 степени, јавуваат од УХМР.

За време на продолжениот празничен викенд се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Поизразена нестабилност метеоролозите најавуваат од почетокот на следната недела, односно од  понеделник и вторник.