Прекинат натпреварот меѓу Црна Гора и Русија, Aкинфеев погоден со факел (видео)

Квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство помеѓу Црна Гора и Русија е прекинат во 67.минута. Инаку, мечот прв пат беше прекинат во првата минута кога голманот на Русија, Игор Акинфеев беше погоден со факел во главата. Акинфеев веднаш бил префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица каде е задржан на опсервација. Од факелот тој останал без дел од косата.

Пред почетокот на мечот, имаше повеќе инциденти во Подгорица, а полицијата интевенирала на централниот градски плоштад кога руските навивачи се обиделе да го запалат знамето на САД.

Во 65.минута беше досуден пенал за Русија, голманот Плексиќ го одбрани ударот на Широков, но потоа еден од руските играчи пријави дека бил удрен, по што Ајтекин ги испратил фудбалерите во соблекувалните и го прекинал мечот без можност тој да биде продолжен.