Прекината блокадата на мостовите во Обреновац

Жителите на Обреновац кои се незадоволни од распределбата на хуманитарната помош поплавите кои ги преживеаа ги блокираа мостовите на Сава и Колубар. По разговорите со градоначлникот на општината Мирослав Чучковиќ, тие се повлекле од протестот и ја прекинале блокадата на мостовите.

„Ги убедував дека поркај средствата кои ги дава Владата за обнова на домаќинствата, потребно е да се бориме и да добиеме дополнителни средства за обнова“, вели Чучковиќ за Танјуг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.