Прекината евакуацијата од Алепо

Евакуацијата на цивили од источно Алепо е прекината, јави ДПА, повикувајќи се на извори од хуманитарни организации во момент кога се слушнале експлозии.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека е прекината евакуаицјата без да даде детали.

Сириски извори тврдат дека евакуацијата е прекината откако бунтовниците не почитувале делови од договорот и оти пукале врз автобусите што го напуштале Алепо.

Прекинувањето на операцијата се случува во момент на експлозии во областа од каде се евакуриаат цивилите и бунтовници.

Повеќе од 8.000 цивили и бунтовници се евакуирани од источно Алепо во изминатите 24 часа, јавија сириски медиуми.