среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Прекината кампањата за референдумот поради убиството на пратеничката Кокс

Сите денешни предвидени митинзи, конференции и средби, со гласачите се откажани во знак на почит за пратеничката која беше застрелана, а потоа избодена со нож, среде бел ден, на улица, во нејзнината изборна единица Бристал, во близината на англискиот град Лидс.

Прекината кампањата за референдумот поради убиството на пратеничката Кокс

Прекината кампањата за референдумот поради убиството на пратеничката Кокс

Последни вести

Кампањата за референдумот за ЕУ е целосно прекината, по вчерашното брутално убиство на британската пратеничка Џо Кокс.

Сите денешни предвидени митинзи, конференции и средби,  со гласачите се откажани во знак на почит за пратеничката која беше застрелана, а потоа избодена со нож, среде бел ден, на улица, во нејзнината изборна единица Бристал, во близината на англискиот град Лидс.

Кокс (41) беше пратеничка на опозициската Лабуристичка партија и беше во обиколка на изборната единица, во областа Западен Јоркшир,  во рамките на кампањата за останување на Британија во ЕУ.

Веднаш по веста за нападот, раководството на лабуристите соопшти дека ја запира кампањата за референдумот, а по смрта на Кокс, како последица на тешките повреди, лидерот на партијата Џереми Корбин најави дека престануваат  сите активности околу референдумското изјаснување, иако до изјаснувањето на гласачите остануваат уште шест денови.

Набргу потоа, со слична изјави се огласи и кампусот на кампањата за Брегзит од каде соопштија дека ги откажале сите денешни активности.

Лидерите на оваа кампања, поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон, како и лидерот на антиевропската Партија на британската незавсност (УКИП) Мајкл Фараж, кој ја покрена во јавноста анти ЕУ хистерија, обвинувајќи ги Унјата и европските мигранти за британските проблеми, изразија сочувство за смрта на Кокс.

Британскиот премиер Дејвид Камерон кој требаше да престојува во Гибралтар во рамките на предреферендумската кампања, го откажа патувањето, изразувајќи голем почит за убиената пратеничка, која ја означи како  „политичка ѕвезда во засилен подем„.

Британското знаме денеска е спуштено на половина копје на зградата на Парламентот, во седиштето на владата во Даунинг стрит 10 и на кралската Бакингамска Палата.

Најчитани вести