Прекината координативната средба кај Вељаноски

Координацијата кај претседавачот Вељаноски резултираше со договор за соодносот на Комисијата за избори и именувања. 6 члена за ВМРО-ДПМНЕ, 5 за СДСМ и по еден член за ДУИ и БЕСА.

„Прес 24“ обајви дека проблем се јавил за прашањето кој ќе претседава со оваа комисија.
Според досегашната пракса претседателот на комисијата беше од редовите на партијата што има најмногу членови но овој пат ова останало спорно.

Според информациите координацијата треба да продолжи во 15.30 часот за кога се очекува да се реши спорното прашање и да се избере кадровскиот состав на Комисијата.