„Прекината одисеја“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар синоќа се одигра праизведбата на претстава Прекината одисеја од авторот Роберт Урбањски, во режија на Јацек Гломб.

Од МНТ соопштуваат дека режисерот Јацек Гломб и целата актерска екипа биле задоволни како македонската публика го прифати овој театарски чин кој зборува за трагичните судбини и страдањата на децата од Егејскиот дел на Македонија кои завршуваат во Полска, децата кои ја преживеале голготата на граѓанската војна во Грција, 1948 година.

Во рамките на претставата „Прекината одисеја“ е отворена и изложбата насловена како “Децата бегалци”, подготвена во соработка на МНТ и Музејот на Македонија, а ќе биде од патувачки карактер и ќе патува заедно со претставата во Македонија и Полска.

Прекината одисеја од 20-ти до 29-ти септември ќе биде прикажана во повеќе градови низ Македонија, а во ноември македонската актерска екипа патува за Полска каде ќе гостува во 10 градови, меѓуостанатото и во Вроцлав, градот на европската култура.

Проектот е поддржан од министерствата за култура на двете земји и е од големо значење за продлабочување на заедничката соработка, наведуваат во соопштнието.