Спорт

Прекината победничката серија на Атланта, Антиќ повторно двоцифрен

Прекината победничката серија на Атланта, Антиќ повторно двоцифрен

Тимот на Њу Орлеанс ја прекина серијата од пет последователни порази на Атланата во чии редови настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Њу Орлеанс славеше на гостувањето кај “јастребите” со 105:111.

Антиќ одигра уште еден добар натпревар, за 28 минути колку што мина на теренот, постигна 14 поени, на кои придодаде шест скока и три асистенции.Тој беше еден од петмината играчи на Атланта кои постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен со 26 кошеви беше Џеф Тиг.

Атланта по 67 одиграни натпревари во лигата има скор од 31 победа и 36 порази. На спротивната страна Ентони Дејвис беше најекспониран со 34 поени и 11 скокови.