Спорт

Преглед на натпревари во НБА лига, резултати и табели Прекината серијата домашни победи на Индијана

Прекината серијата домашни победи на Индијана

Индија Пејсерс, кои имаат соодност на победи и порази 30-25, а кои ноќта кон вторникот настапија нез Дарен Колисон и Виктор Одалипо, на нивниот терен поодбри со 111:102 беа Вашингтон Визардс, кои имат скор 31-22, со што е прекината низа од шест домашни победи на Пејсерс.

Кај Пејсерс најефикасен беше Бојан Богдановиќ, кои постигна 29 поени, а го следеа Тадеуш Јунг со 17 кошеви, а Доматас Сабонис со 15 поени. Бредли Бил ги предводеше Визардс со 21 поени, а Кејли Обри додаде 15 поени.

Пејсерс на самиот почеток ги промашија шесте шутеви од игра, а Визардс направија серија од 10:2, за на почетокот од втората четвртина да водат со 28:23. Индијана во втората четвртина одихра малку подобро, ги погоди првите шест кошеви, но по неколку измени на водството Вашингтон повторно ја презема контролата благодарејчи на серијата 22:5 и водеа со 55:39. Пејсерс пред крајот на полувремето, сепак, успеаја да одговорат постигнувањето девет кошеви во нза на кои Визардс не одговорија и домашните ја спуштија разликата под десет поени.

Визардс водеа со 58:49 на полувремето, и иако Пејсерс повторно заиграа на почетокот од третата четвртина, Вашингтон овојпат одговори и повтордно дојде во рпедност од 79:62 на малку повеќе од четири минути прд крајот на оваа делница. Богдановиќ погоди „торјка“ со звукот на сената за крај на третата четвртина за резултт 84:76. Истиот играч ја постигна и првата „тројка“ на почетокот од последната четвртина, а потоа уште една на 7,22 минут до крајот кога намали на 95:87, но тоа беше најблиску што Пејсерс им дојдоа на Визардс.

Одландо Меџикс, со скор 16-36, на гости со 111:109 ги совладаа Мајами Хитс, кои имаат сооднос на победи 29-25. Марио Хезоња беше најдобар стрелец кај Меџикс со 20 погодици, а го следеа Ди Џеј Ејгустен со 16 и Ивен Фурние со 13 поени. Кај Хитс најдобар беше Џоѓ Рочардсон со 20 погодоци и Хасан Вајтсејд со 19 поени.

Орландо водеше со 107:93 н малку повеќе од осум минути пред крајот, но тогаш Хитс направија серија од 16:2 за израмнување на 109:109. Џонатан Сајмонс на минута и пол пред краот погоди со што ги доведе Меџикс во водсво. Орландо имаше шуг од игра 48,8 отсто и погоди 13 од 20 „тројки“. Мајами, пак, погоди само три „тројки“ од 23 обида, а беше ограничен на шут од игра од 43 отсто.
Резултати:

Мајами Хит – Орландо Меџикс 109-111

Детроит Пистонс – Портланд Трејл Блејзерс 111-91

Индијана Пејсерс – Вашингтон Визардс 102-111

Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез 109-133

Денвер Нагетс – Шарлот Хорнетс 121-104

Сакраменто Кингс – Чикаго Булс 104-98

Лос Анџелес Клиперс – Далас Маверикс 104-101

 

Источна конференција

Атлантски дивизија

1. Бостон 39-15
2. Торонто 36-16
3. Филаделфија 25-25
4. Њујорк 23-31
5. Бруклин 19-35

 

Централна дивизија

1. Кливленд 30-21
2. Милвоки 29-23
3. Индијана 30-25
4. Детроит 26-26
5. Чикаго 18-35

 

Југоисточна дивизја

1. Вашингтон 31-22
2. Мајами 29-25
3. Шарлот 23-30
4. Орландо 16-36
5. Атланта 16-37

 

Западна конференција

Северозападна дивизја

1. Минесота 34-22
2. Оклахома Сити 30-24
3. Денвер 29-25
4. Портланд 29-25
5. Јута 25-28

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 41-12
2. ЛА Клиперс 26-25
3. ЛА Лејкерс 21-31
4. Феникс 18-36
5. Сакраменто 17-36

Југозападна дивизја

1. Хјустон 38-13
2. Сан Антонио 34-21
3. Њу Орлеанс 28-25
4. Мемфис 18-34
5. Далас 17-36