Прекини во сообраќајот и на граничниот премин „Меџитлија“

Сообраќајот од утрово е во прекин и на граничниот премин Меџитлија од грчка страна поради штрак на грчките земјоделци.

Блокадата поставена со земјоделски машини во близина на граничниот премин, како што соопшти АМСМ, почна во 10 часот и ќе трае до 20 часот.

Сообраќајот до 12.00 часот во прекин беше и на граничниот премин Дојран од грчка страна.