Прекрасен гол на шкотски тинејџер

Во ситуација кога на јужниот дел од Островот се играат натпреварите од популарниот Boxing day, многу малку внимание се обрнува на она што се случува на северот, односно во Шкотска.

Сепак, на дуелот помеѓу Данди и Ст. Мирен, беше постигнат фантастичен гол, кој барем за момент го привлече вниманието на фудбалскиот аудиториум.

Голот добива на тежина уште повеќе ако се знае дека го постигна гостинскиот фудбалер, 18-годишниот тинејџер Стиви Малан, за кого ова е прв погодок во кариерата.