Прекрасна вест: Малата Мартина е успешно оперирана

Малата Мартина Стојковска е успешно оперирана.

Дванаесет годишното девојче конечно е оперирано во болницата Аџибадем во Истанбул.

Мајката на Мартина ја пренесе радосната вест на социјалните мрежи, воедно заблагодарувајќи се на сите кои помогнаа девојчето побрзо да замине на операција во Турција.

Според изјавата на мајката, Мартина се чувствува добро, повеќечасовната сложена операција поминала во најдобар ред, а сега е потребен период на опоравување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.