Магазин

Прекрасното зајдисонце во Шиза, Закинтос

Прекрасното зајдисонце во Шиза, Закинтос

Ако својот летен одмор го поминувате на прекрасниот јонски остров Закинтос, тогаш не пропуштајте ја можноста да го доживеете најубавото зајдисонце во вашиот живот. Сѐ што треба да направите е да го посетите местото наречено Шиза.

На западната страна од Закинтос се наоѓа малото село Кампи, во кое живеат многу мал број жители. Сепак, во него ќе најдете барови и таверни во кои ќе можете да поминете едно пријатно попладне. Оттука, упатете се по угорнината, кон местото наречено Шиза, каде што е поставен голем меморијален крст.

На тоа место, во текот на граѓанската војна во Грција, биле погубени огромен број недолжни цивили, со фрлање во амбисот со височина од преку 300 метри. Денес, Шиза е место што е далеку попознато поради фактот што таму ќе можете да го доживеете најубавото зајдисонце во животот.

Iguana-Tours

Искачете се на ридот пред сонцето да започне да се сокрива зад хоризонтот, за да можете целосно да го проследите овој спектакл. Одберете место по должината на карпата или пак седнете во една од таверните каде што ќе можете да го проследите магичното зајдисонце со одличен, традиционален оброк.