Прекршен законот за јавна администрација – Ременски продолжува да ја манипулира јавноста

Ниту во Министерството за труд и социјална политика, ниту во агенцијата за вработување, ниту во ПИОМ или ФЗОМ ниту во било која друга државна институција нема никаков доказ дека Мила Царовска е вработена во Труд и социјала како советник.

Техничката министерка продолжува да манипулира со празни флоскули без никакви аргумени, факти и докази.

Курир вчера објави конкретни докази дека Ременски дозволила постапување спротивно на закон, објави докази со кој се потврдува дека Мила Царовска претседателката на комисијата за труд и социјална на СДСМ не е вработена во Министерството за труд и социјала. Tаа продолжува бесрамно да ги манипулира граѓаните.

Имено, Ременски се повикува на некакви си процедури не наведувајќи никакви детали и факти, очигледно непознавајќи ја проблематиката , обидувајќи се да го сокрие неискуството позади невиниот став и реченицата дека се се спроведува во труд и социјала според процеурите.

Еве неколку конкретни процедури кои Ременски не ги спровела и директно влијаела на прекршување на повеќе одредби од неколку Закони.

Имено, постапката за вработување на посебните советници е многу јасно и прецизно уредена во Законот за вработени во јавен сектор. Согласно истиот за Министерството за труд и социјална политика треба да обезбеди согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување на посебните советници и потоа раководното лице на институцијата да објави јавен оглас согласно со општите прописи за работни односи или да склучи договор за отстапување на вработен со Агенција за привремени вработувања.

Согласно законот за работни односи без потпишување на договор за работа никој не може да стапи на работа ниту во јавен ниту во приватен сектор.

Покрај овие прекршувања на законите таа влијае вработените во нејзиниот кабинет да направат неколку дисциплински повреди со испраќањето на имејл до сите вработени со кои ги задолжува вработените во МТСП да барат одобрување за секој одговор до граѓаните од Мила Царовска при што го прекршила Законот за јавна администрација или поконкретно членот 73 точка 1 од истиот закон, односно несовесно и небрежно ги вршела работните задачи, членот 73 точка 12, го злоупотребила статусот на административен службеник, точка 13 од истиот член, ги злоупотребила доверените овластувања во вршењето на работните задачи и членот 73 точка 22, со тоа што се однесувала спротивно на членот 5 од Кодексот за административни службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.