Прекршено примирјето во Источна Гута

Во воздушни напади на енклава со сиријскиот регион Источна Гута, која е под контрола врз бунтовниците, загинале 37 лица, иако прекин на огнот требало да стапи на сила на полноќ, соопшти денеска сиријската Опсерваторија за човекови права.

Бунтовничката група Фајлаку ал Рахман,која е една од најмалку три групи кои останале во тој регион, соопшти дека владините сили извршиле силни напади на подрачјето кое тие го контролираат, пренесува АП.
Портпаролот на бунтовниците вчера изјави дека примирјето е начелно договорено.
Спасувачките единици „Бели шлемови“ соопштиле дека жртвите настрадале при воздушен удар кој погодил засолниште под земја во градот Арбин.

Нападот на сириската војска врз источна Гута, која е последно големо упориште на бунтовниците во близина на престолнината Дамаск, е еден од најинтензивните во седумгодишната војна во Сирија.
Под контрола на бунтовниците во овој регион е само уште градот Дума, а го контролира групата Џаиш ал Ислам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.