Свет

Прекршено примирјето во Украина, 40 напади за три дена

Прекршено примирјето во Украина, 40 напади за три дена

Украинската војска го осуди масовното кршење на примирјето и наведе дека во последните три дена имало повеќе од 40 напади на сепаратистите на истокот на земјата.

„Забележани се околу 44 напади во последните три дена, посебно во регионот на Доњецк“, вели Владислав Селезњов, портпарол на украинската војска.

Киев прогласи прекин на огнот до петок, а од страна на лидерот на бунтовниците тој беше прифатен во понеделникот.