Прекршочна пријава за Саша Богдановиќ

Полицијата поднесе прекршочна пријава против директорот на паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ поради попречување на полицијата во вршење на службените дејствија.

Имено, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу Работнички и МЗТ кој се одигра вчера, Богдановиќ и 29-годишниот С.С. го нарушиле јавниот ред и мир.

С.С. почнал да омаловажува полициски службеник и при тоа одбил да се легитимира, а при обидот да се приведе се вмешал и Богдановиќ и ги попречувал во вршењето на службените дејствија.

Двајцата биле предупредени, но истите се оглушиле на наредбите и дале отпор при приведувањето, по што се приведени во ПС Центар.

Полицијата извршила разговор со нив, по што двајцата биле пуштени. Од полицијата информираат дека во полициската станица станица не се употребени средства за присилба.

За С.С. ќе следи прекршочна пријава за омаловажување на полициски службеник, а за Богдановиќ прекршочна пријава за постапување спротивно на наредба од полициски службеник.