Прекршочни за сите национални телевизии поради неизбалансирано известување за изборите

Агенцијата за медиуми во својот детален извештај за известувањето на медиумите за првиот и вториот круг од претседателските, како и за предвремените парламентарни избори, поосчува дека  телевизите: Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма  известувале неизбалансирано и против нив ќе биде поднесена прекршочна пријава.
 
Според извештајот, програмските сервиси на МРТ генерално ја исполниле обврската да обезбедат рамноправен пристап  во вестите според Изборниот законик, а според претседателот на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски не била запазена  рамномерната распределба на вестите за активностите на партијата на власт и на опозицијата.
Како медиум кој балансирано известувал Трајчевски го навел само Македонското радио.