Прекршочни пријави против пет телевизии поради емитување партиски реклами

Агенцијата за медиуми ќе поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат, ТВ21, Нова, Наша и Телма, поради прекршоци на членови од Изборниот законик кои го регулираат објавувањето и времетраењето на партиските платени пропагандни пораки.

Според денешната одлука на Привремената комисија, телевизиите Алсат, ТВ21, Нова и Телма го прекршиле член 75-ѓ од законот, кога емитувале реклами кои се нешто подолги од дозволените максимум осум минути во еден час. Против Нова и Наша се поведени постапки и по член 76 став 4 од Изборниот законик, затоа што емитувале реклами за време на информативна емисија, дебата или интервју, место по завршетокот на емисијата. Овие мерки се надвор од редовниот, 10 дневен мониторинг на известувањето на медиумите кој го вршат Привремената комисија и Агенцијата за медиуми. Во петокот, поради отсуство на членови на Привремената Комисија не се одржа седница на која исто така требаше да се расправа за прекршочни постапки против четири медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.