Преку 70 домашни и странски издавачи на 28. Саем на книгата

На отворањето во Метрополис арената присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Канческа – Милевска потенцира дека Владата во изминатиот период ја поддржа реализацијата на значајни капитални проекти од областа на издавачката дејност. Од 2008 година досега, како што рече, е поддржано издавањето на над 5.000 книги од сите жанрови на издавачките куќи од земјава, а двапати годишно се врши и откуп на книги во насока на збогатување на фондот на библиотеките со цел тие да бидат достапни за сите граѓани.

Присутните ги поздрави и извршната директорка на Скопски саем Даниела Глигоровска, истакнувајќи дека Саемот на книгата 28 години ги обединува домашните и странските изложувачи, како и љубителите на книгите што е потврда за успешноста на оваа манифестација.

Модератор на отворањето беше Игор Џамбазов, а се обратија писателот Раде Силјан, како и Сашо Димоски кој зборуваше од името на помладата генерација автори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.