Преку дебата до најсоодветно решение за заштита на системот за следење на комуникациите

Преку отворена дебата траба да се дојде до најсоодветното решение и ефикасна реформа што ќе создаде заштита на системот на следење на комуникациите и на човековите слободи и права, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по чијашто иницијатива во четвтокот во Собранието се одржа координација со спикерот Талат Џафери, со шефовите на пратеничките групи во парламентот, и членовите на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за разузнавање и УБК.

Притоа е разговарано за итните реформски приоритети и исполнување на препораките на Прибе, а една една од нив е опремата за следење на комуникациите да биде надвор од МВР.

До Нова година треба да биде готова работната верзија за пакетот решенија за следењето на комуникациите – измена на постојните закони и обезбедување услови за формирање посебна Агенција, надвор од МВР, во која ќе бидат сместени уредите за прислушување. За ова информираше министерот Спасовски по средбата на интер-ресорската група која ќе работи на имплементација на препораките на Прибе за реформите во УБК.

Реформите ќе се реализираат во консулатација со невладиниот сектор, медиумите и експертите, рече министерот. Ги повика членовите на комисиите коишто вршат надзор врз работата на следењето на комуникациите да проверат и да потврдат дека во УБК нема незаконско прислушување.

Паралелно со оваа, најавена е и реформа во јавната безбедност. МВР подготвува акциски план за имплементација на Стратегијата за развој на полицијата, поддржана од ЕУ. Со измените на Законот за полиција коишто ќе ги предложи Владата, ќе се забрани користењето на електрични палки и на гумени куршуми.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, уверува дека во Управата за безбедност и контраразузнавање нема незаконско прислушување, туку дека следењето на комуникациите се одвива исклучиво за заштита на устаниот поредок и во борба против криминалот. На денешната ад-хок средба со членовите на собраниските комисии, надлежни за надгледување на работата на безбедносниот сектор, ги покани пратениците да извршат увид во системот.

„Разговаравме со парламентарните комисии за надзор над УБК, сакаме да се изврши контрола во МВР, кога за тоа ќе оцени парламентот дека треба да се направи. Но и посакуваме експертска помош која ќе гарантира добра контрола на системот. Најважно е да се констатира дека немаме незаконско следење на комуникациите“,  рече Спасовски.

Посочи дека до контрола на системот за прислушување ќе се дојде преку реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Настанот со прислушување создаде сериозна политичка криза и затоа нашата одговорност за реформа е значајна. Но не без инклузивност. Сакаме преку стручната јавност, парламентот и преку отворена дебата да дојдеме до соодветно решение, ефикасна реформа која ќе гарантира заштита на човековите права“, рече Спасовски.

Реформите во Министерството за внатрешни работи, додаде Спасовски, опфаќаат преместување на опремата за следење на комуникациите во посебна агенција.

„Пристап до медијациските уреди ќе се овозможи само преку согласност од сите институции чија надлежнсот е следење на комуникациите. Спасовски најави промена на пакет закони за да се спроведат овие реформи. Меѓу првите закони кои ќе се разгледува е законот за прислушување, за кој се очекува драфт верзија до крајот на годинава“, додаде Спасовски.