Преку европски конзорциуми до повеќе средства од европските фондови

Преку учество на домашните компании кон европските конзорциуми и истражувачки центри ќе се повлечат повеќе средства од европските фондови, сметаат од Стопанската комора на Македонија.

На тој начич, македонските компании ќе учествуваат во конкретни проекти, а од друга страна ќе можат ефектите од тоа да ги искористат за развој на соствените капацитети.

Европската комисија веќе објави двете клучни програми за следните седум години, односно „Косме“ со вредност од 2,3 милијарди евра, со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија, а втората програма „Хоризонт 20-20“ со проектирани вкупно 80 милијарди евра за поврзување на науката со индустријата, финанисрање на истражувања.

Бирократските процедури се значително поедноставени што им овозможува на претпријатијата да се приклучуваат на конзорциуми и да реализираат одредени свои приоритети.

„Македонските компании и институции треба да се борат со европските за добивање на проектите што значи дека мора да го задоволат одреденото ниво на квалитет“, порача Јадранка Аризанковска од СКМ.