Преку групен тендер ќе се намалат цените на 612 лекови

Преку групен тендер на Министерството за здравство, 612 лекови ќе се набавуваат по пониски цени.

Јавната набавка ќе трае во следните две години преку која 74 здравствени установи во Македонија го овластиле Министерството да ги набавува лековите.

-Со самото распишување на јавната набавка во системот заштедуваме над 3 милиони евра бидејќи во оваа набавка тргнуваме од најниската цена по која бил продаден било кој од овие 612 лекови во Македонија, истака министерот Никола Тодоров.

Тој додаде дека на минатиот тендер преку кој 70 лекови биле набавени на ваков начин е остварена заштеда од 6 милиони евра и дека очекува здравствениот систем во Македонија со ваквата набавки да заштеди околу 10 милиони евра кои ќе бидат ставени на располагање за други здравствени проекти.