Преку иновации до зголемен финансиски капацитет на децата

Третата меѓународна годишна регионална средба „Финансии за Деца и Млади” (Child & Youth Finance) за Европа и Централна Азија ќе собере креатори на политики и даватели на финансиски услуги на едно место за да дискутираат иновативни начини како да се зголеми финансискиот капацитет на децата и на младите.

Домаќин на третата меѓународна годишна регионална средба „Финансии за Деца и Млади” (Child & Youth Finance) за Европа и Централна Азија ќе биде Народната Банка на Македонија, во Скопје, Македонија на 2-3 октомври 2014 година. На средбата ќе присуствуваат водечки луѓе од политиката, финансиските инстититуции, експерти, практичари и иноватори, што работат на прашања околу пристапот на децата и на младите до финансии; нивната финансиска вклученост и образование, moжностите за вработување и за претприемништво. Покрај можноста за размена на искуства, успешни приказни и заеднички предизвици, главна цел на оваа средба е да ги зајакне и усогласи финансиската вклученост, економското образование на граѓаните и претприемничките иницијативи за младите во регионот.

Своето присуство го имаат потврдено високи претставници од министерства за образовние, за финансии, претставници од централните банки, организации што работат за заштита на детските права, меѓународни организации, како и од образовни и финансиски инстититуции.

MasterCard и CYFI веруваат дека овозможувањето финансиска вклученост и економското образование за граѓаните се клучни за градење на економија базирана на вклучување. Без таков пристап, младите не можат ниту да штедат ниту да инвестираат во нивната иднина.

„Во јануари годинава, Мастеркард оформи стратешко партнерство со CYFI, чија цел е да се подобрат финансиските можности за деца и млади. Почестени сме што со нашето знаење и искуство можеме да придонесеме во ова партнерство. Во исто време, MasterCardи CYFI се согласни дека улогата на јавно-приватните партнерства можат да играат важна улога во зацврстувањето на оваа цел и токму затоа сме целосно посветени на соработка со бизнис заедницата, владите и граѓанскиот сектор. Со учеството на Мастеркард во годинешната регионална средба на CYFI во Скопје сакаме да покажеме дека финансиските институции можат да направат разлика за младите, како и дека вклучувањето на младите како дел од овој процес за финансиско образование и развој на производи е од огромно значење во развојот на идните генерации,” вели Артур Туремка, Генерален Директор за Балканот во Мастеркард, кој ќе ги презентира најдобрите пракси и политики за зголемување на финансискиот капацитет на децата и младите. Во истата сесија, ќе учестуваат и претставници од УНИЦЕФ, G20-GPFI претседателството од Турција, како и претставници од централните банки од регионот.