Преку Канцеларијата за „Купи куќа, купи стан“ полесно до сопствен дом

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески смета дека преку Канцеларијата посветена на проектот „Купи куќа, купи стан“, која од понеделник ќе биде отворена во Министерството за финансии, граѓаните ќе можат полесно да донесат одлука и да дојдат до сопствен дом.

– Се решивме во Министерството за финансии да има отворена канцеларија во која во одреден дел од денот, за што граѓаните ќе бидат информирани, да може да дојдат, да се сретнат со луѓето од Министерството за финансии и да им помогнат во тој процесот за да им биде полесно на граѓаните и да се информираат и да донесат таква одлука, истакна Ставрески.

Граѓаните од понеделник на едно место ќе може да добиваат информации за проектот, за слободни станови кои се до 900 евра по метар квадратен, за тоа од кои банки можат да добијат кредити, кои се условите, како и тоа колку помош ќе добијат од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.