понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Преку „Македонија вработува“ досега се вработиле над 11.200 лица

Проектот „Македонија вработува“ е уште едно остварено ветување со кое досега се вработиле и обезбедиле егзистенција за себе и за нивните семејства над 11.200 лица. Иако проектот го нема во изборната програма, ветувањето за него беше дадено на трибината во Битола во месец март минатата година, каде премиерот Никола Груевски го најави неговото спроведување.

makedonija vrabotuva

Поврзани вести

Проектот „Македонија вработува“ е уште едно остварено ветување со кое досега се вработиле и обезбедиле егзистенција за себе и за нивните семејства над  11.200 лица. Иако проектот го нема во изборната програма, ветувањето за него беше дадено на трибината во Битола во месец март минатата година, каде премиерот Никола Груевски го најави неговото спроведување.

Најавувам нова мерка. Новата мерка нема да биде само за млади до 29 години, туку ќе биде: прво до 35 години, и нема да биде 1+1 година туку 3 години ослободување од персонален данок на доход и придонеси со обврска да бидат задржани уште една година. Второ, за оние од 35 години до 50 години, а 10 години се без работа, се предвидува ако некој ги вработи во првите 5 години да биде ослободен од плаќање на придонесите за тие луѓе кои ќе ги вработи, со обврска да ги задржи уште една година на работа. Трето: за оние кои се над 50 години независно дали биле или не биле вработувани во минатото, доколку некој ги вработи Владата застанува со целосно ослободување од плаќање придонеси во период од 5 години без никакви обврски потоа, најави Груевски во Битола пред речиси една година.

Тогаш премиерот објасни дека и најтешките категории на лица ќе бидат опфатени со новата мерка.

За оние кои имаат над 58 години и кои најтешко наоѓаат работа а кои во последните две години не биле вработени, ако некој ги вработи се предвидува до нивното пензионирање да биде ослободен од плаќање придонеси и тоа ќе го покрие Владата. И последната група на овој проект, кој го немаме опфатено во нашата програма, но ние секогаш имаме нови проекти за доброто на граѓаните. Тоа се ранливата категорија на граѓани во неа влегуваат: самохрани родители и едно-родителски семејства, семејства кои имаат 3 или повеќе од 3 деца, приматели на социјална помош , професионални војници на кои им завршил рокот на служење, дева израснати во домови за деца без родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби, за нив се предвидени исто така 5 години ослободување од придонеси без никакви обврски за работодавачот, најави Груевски.

Имено, Груевски тогаш објави законски измени со кои се дефинира реализирање нова мерка за намалување на невработеноста, во согласност со која се предвидува работодавците да бидат ослободени од плаќање персонален данок и социјални придонеси доколку вработат лица од повеќе категории.

Законските измени беа усвоени во месец април минатата година, кога вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го објавија неговото спроведување.

Десет месеци подоцна, заклучно со петокот, како резултат на оваа мерка се вработиле 11 285 лица.

Проектот го искористиле 6.728 фирми, а по категории тоа изгледа вака:

-Од 29 години вработени се 3.032 лица,

-До 35 години вработени се 4.359 лица,

-Од 35 до 50 години, вработени се 1.483 лица,

-Над 50 години вработени се 1.790 лица,

-Над 58 години вработени се 502 лица.

Самиот проект беше поздравен од бизнис заедницата кој доколку се цени според искористеноста преставува одличен потег на Владата и меѓу другото преставува и значителна поддршка на домашното стопанство.

А процените се дека до крајот на спроведување со овој проект ќе се вработат значителен број на лица.

Најчитани вести