Преку проектот „Македонија вработува“ досега вработени 8.756 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ во Република Македонија досега се вработени 8.756 лица, а над 4.000 компании се вклучени во оваа бенефитна мерка.

На денешниот Саем за вработување во Куманово, директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски изјави дека работодавачите секогаш најмногу се заинтересирани за мерките кои нудат можност за обука на работникот, а потоа и да го вработат.

Во последно време многу се заинтересирани за бенефитната мерка „Македонија вработува“ во која ги ослободуваме од придонеси во наредниот период. Досега неа ја искористиле 8.756 работници кои се вработени преку мерката, а над 4.000 компании се вклучени во оваа мерка, рече Поповски и додаде дека бројката секојдневно се зголемува.

Преку „Македонија вработува“ досега се вработени 8.756 лица
Преку „Македонија вработува“ досега се вработени 8.756 лица

Преку „Македонија вработува“ во Куманово, од 27 април досега се вработени 456 лица, во Крива Паланка 126, во Кратово 22, зависи од степенот на развојот на економијата и побарувачката на овие мерки.

Интерес има за другите мерки, како грант за самовработување, кредит за самовработување, кредити за дополнителни вработувања, субвениции во делот на ранливите категории при што ги повика работодавачите кои се уште не се вклучени дека на располагање има можности за искористување на средства, додаде Поповски.

Тој информира дека наредниот период со оперативниот план за 2016-та година дополнително ќе помогнат стопанството да закрепне и на сите оние кои имаат идеја за бизнис да им помогнат да отворат свој бизнис.