Преку „Македонија вработува“ за помалку од два месеци се вработија 2.600 лица

Во последните 8 години се отворија над 140 илјади нови работни места во Македонија. Ова во своето обраќање на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го посочи премиерот Нкола Груевски.

– Со последниот проект, Македонија вработува, младите се опфатени во посебна група до 35 години,за чие вработување работодавачот не само што во период од 3 години нема да плаќа никакви придонеси, туку нема да плаќа ни персонален данок на доход, но со обрвска потоа да ги задржи најмалку уште една година.На ова мерка претходеше слична една година претходно, преку која работа добија речиси 9.000 млади луѓе до 29 години за само една година. Со новата мерка до 35 години, заедно со старата до 29 години, за помалку од 2 месеци се вработија над 1.700 млади луѓе половина со старата мерка до 29 години која сеуште трае, околу половина со новата мерка до 35 години, која е дел од големиот проект Македонија вработува, и тоа само до оваа возраст, рече Груевски.

Севкупно, нагласи премиерот, за помалку од два месеци преку проектот Македонија вработува се вработија вкупно 2.612 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.