ВМРО-ДПМНЕ: Преку медиумите финансирани од Сорос, СДСМ ги пласира тезите од партискиот штаб

Преку медиумите финансирани од  Сорос, СДСМ ги пласира тезите од партискиот штаб потпишани како новинарски текстови со единствена цел да биде покриено неработењето и безидејноста на СДСМ, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Телевизија Телма вчера одвои 180 секунди во 3 прилози за промоција на манипулациите на СДСМ. Ова е намалување за 25% во споредба со 26.02.2016 кога СДСМ имаше на располагање 240 секунди во централното издание на дневникот на Телма. Во битката кој да им дозволи повеќе време на СДСМ за ширење на лагите и манипулациите повторно предничеше ТВ 24 Вести, каде беа одвоени над 370 секунди во 3 прилози за извртување на ставовите и гледиштата на ВМРО ДПМНЕ.

Порталите како Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова ТВ и редица други кои од балансирање најмногу се заинтересирани за балансот во банка после грантовите на Сорос, вредно држат темпо и не го спуштаат бројот на објавени текстови во кои се слави постоењето на СДСМ под 120 текста на ден, истовремено објавувајќи по 100-тина текстови во кои неаргументирано се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

Но дури и ваквото неаргументирано известување на порталите и телевизиите избалансирано на Бихаќка никако не успева да му помогне на СДСМ да го помрдне нагоре катастрофално нискиот рејтинг од  15,7 %, наспроти оној на ВМРО-ДПМНЕ кој изнесува 36,8 %. Бројките се такви бидејќи граѓаните не одлучуваат според пропагандата со лаги и манипулации на СДСМ, туку според работата, способноста и реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу фабрикациите на СДСМ се и манипулативните тврдењата за медиумски мрак, неизбалансирано ивестување и правична застапеност.

СДСМ сеуште ги негува тоталитарните навики да го има целиот медиумски простор под своја капа, а медиумите кои не се под диктат на Бихаќка да бидат казнети парично и со одземање лиценци, откако СДСМ еднаш ќе ги прогласи за свои најголеми политички непријатели.

Преку медиумите финансирани од  Сорос, СДСМ ги пласира тезите од партискиот штаб потпишани како новинарски текстови со единствена цел да биде покриено неработењето и безидејноста на СДСМ.

Колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ треба да стане предмет на интерес на истражните органи. Дали сите овие медиуми се регистрирани како медиуми, исто така треба да биде предмет на интерес на истражните органи. Тие треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или од црните фондови на СДСМ директно на рака.

Дефиниција за лицемерие е кога СДСМ зборува за професионализам во медиумите. СДСМ сака целосна контрола врз медиумите. СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на овие кои без забелешки и спротиставување ги спроведуваат насоките и нарачките од Бихаќка.

Ваков однос кон медиумите како односот на СДСМ, има само во Северна Кореја и ИСИЛ.