Преку мерката 1+1 вработени 9.944 млади лица

Досега само преку мерката 1+1 за млади до 29 години во рамки на овој проект се вработени 9.944 лица, а седумстотини невработени млади лица од денес можат да се пријавуваат на оглас за практикантство.

За ова во траење од три месеци ќе добивааат надомест од државата во висина од по 6.200 денари. Тие подоцна би можеле да бидат вработени во приватните компании со искористување на некоја од мерките кои се нудат преку проектот „Македонија вработува“, иако за тоа не постои обврска кај работодавачите кои примаат практиканти.

Објавен оглас за практиканство

Досега само преку мерката 1+1 за млади до 29 години во рамки на овој проект се вработени 9.944 лица.

Денеска со Агенцијата за вработување на Република Македонија го објавуваме новиот јавен повик за практикантство, мерка насочена за најмладите невработени лица кои само што завршиле средно образование, факултет или се во рамки на високото образование. Станува збор за финансирање практикантство за 700 невработени лица во приватните компании во Македонија, во висина од 6.200 месечно по лице во период од три месеци без обврска за работодавачите да ги задржат на работа, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Спасов појасни дека и покрај тоа што не постои обврска за работодавачите да ги задржат на работа практикантите, процентот на успешност на оваа мерка 65 отсто, а досега во неа учествувале 2.210 невработени лица. Ова е втор јавен повик годинава, во првиот учествувале 640 пратиканти. Вкупниот буџет за годинава е 18 милиони 696 илјади денари.

Поттикнувачки за компаниите да ги задржат лицата на работа е можноста да ги искористат останатите поволности односно мерката за ослободување од плаќање придонеси за млади до 29 години со една година ослободување од социјални придонеси и персонален данок и со обврска да ги задржат уште една година, рече Спасов.

Преку мерката 1+1 вработени 9.944 млади лица

Министерот информира дека оваа мерка е воведена на 13 март 2014 година и ќе важи до истиот датум 2016 година. Досега, рече Спасов, преку оваа мерка се вработени 9.944 млади лица што, како што потенцира, е голема и важна бројка постигнати вработувања особено кај младите лица до 29 години.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека иако во оваа мерка државата не вложува многу големи средства таа дава мошне добри резултати за вработување на младите лица.

Информира дека покрај оваа мерка во која државата ги подмирува надоместоците, на барање на работодавачите е донесена и нова која предвидува тие самите да ги плаќаат надоместоците, но да можат во секое време да вработат практиканти.

Со цел да се спречат злоупотреби едно лице повеќепати да биде вработувано како практикант, договорот треба да биде евидентиран во Агенцијата за вработување и податокот да биде внесен во досието на практикантот. Едно лице може да биде практикант само три месеци.