Преку мерката за вработување на млади до 29 години вработени 10.750 лица

Штипската компанија преку оваа мерка која предвидува една година ослободување на социјални придонеси и  персонален данок и дополнително уште една година  обврска за  задржување на работа на младите на работа, има вработено 151 младо  лице.

На ниво на Штип, изминатава година и неколку месеци, преку само оваа мерка досега се вработија околу 930 млади лица во приватните компании користејки ги мерките за вработување до 29 години. Би сакал да истакнам дека преку овој проект на Владата на Република Македонија на ниво на државата досега се имаат вработени 10.750 млади лица во околу 5.200 приватни компании. Оваа мерка за вработување млади лица продолжува да трае до средината на  март 2016 година, рече Спасов.

Тој ги повика сите заинтересирани  приватни компании да ги искористат поволностите на оваа мерка и да направат значителна заштеда за отворање на нови работни места, средства кои ќе ги наменат за развој на своите компании и кои ќе помогнат за раздвижување на нашата економија.

spasov-izveshtaj-3

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, истакна дека преку политиките за вработување на министерството за труд и социјална политика се постигнува бројот на невработени во општина Штип да биде најмал.  Тој истакна дека  штипскиот бизнис знае да реагира на добрите политики и  стимулациите што ги дава Владата.

Сопственикот на команијата, Кире Гогов, изрази задоволство од бенефициите од мерките за вработување на  млади и псоочи дека дел од овие средства што државата ги нуди за  приватните компании како ослободителни се користат за инвестиции и зголемување на платите на вработените.